Куманово ремизираше со репрезентацијата на Чиле во пријателски натпревар

По триумфот во првиот пријателски натпревар над селекцијата на Чиле, македонскиот шампион Куманово одигра уште една средба со истиот ривал.

Избраничките на Александар Бојковски ремизираа со Чиле, 23-23, во натпревар кој беше неизвесен до самиот крај.

На полувремето исто така беше нерешено, 13-13. Кумановки го одработуваат вториот дел од подготовките за новата сезона во Женската лига.

Таа би требало да стартува на 18/19 септември.