Куманово лесно се справи со Јехона и се врати на победите во плеј-офот

Откако во претходното коло Куманово го доживеа првиот пораз во плеј-офот од Првата лига, во 6. коло кумановци се вратија на победите и го совладаа тимот на Јехона на домашен терен со 30:27.

Почетокот на натпреварот беше клучен за победникот, Куманово имаше фантастичен старт и поведе со 9:3, а добрата игра продолжи и до крај на првите 30 минути за убедлива предност на полувреме од 15:9, иако беше и девет гола разлика.

Во продолжението Јехона полека ја топеше негативата, но немаше сили да избегне пораз. Куманово продолжува со добрите игри во плеј-офот и ја забележа петата победа во шестото коло со што се искачува на табелата.

Предводник на Куманово со осум гола беше Јован Даневски, а по шест гола постигнаа Виктор Петковски и Андреј Миладиновски. За екипата ан Јехона најмногу се истакна Стефан Бошковски со осум погодоци.