Куманово до сигурни бодови против Шампион

Екипата на Куманово во рамки од 12. коло од Женската лига дојде до убедлива победа против составот на Шампион со 30:16 (15:10), во натпревар од групата А.

Ракометарките на Куманово уште во првите 30 минити ја оправдаа улогата на фаворит против домашната екипа и со комплетна доминација покажаа дека водството во ниту еден момент нема да им биде загрозено.

Шампион се почесто грешеше во нападите и многу тешко доаѓаше до реализација. Куманово рутински го одигра првото полувреме и успеа да постигне 15 гола во мрежата на домашната екипа.

Избраничките на Карбеска во второто полувреме не можеа да ја преполоват негативата, влегоа во уште поголема криза и му дозволија на гостинот целосно да доминира на теренот.

Најефикасна во победничката екипа беше Алмеида Андреза со осум погодоци. Во поразениот табор листата на стрелци беше предводена од Јана Ристовска, Мила Мемов и Анастасија Митова, кои имаа по три реализации.

Куманово во следното, 13. коло на свој терен ќе игра со Спартак, додека Шампион со Вардар.