Кузмановски стрелаше за триумф на Хановер!

Бундеслигашот Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, забележа нов триумф.

Хановер на домашен терен славеше против незгодниот Минден со минимални 30-29, иако во поголем дел од мечот имаше и комотна предност.

Кузмановски постигна два гола од два обиди на овој меч, но особено важен беше оној на две минути до крајот за 30-28, гол што се покажа како победнички за тимот.

Хановер полека излегува од кризата и ја забележа третата победа во Бундес лигата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Лајпциг по ЕХФ неделата.