Кузмановски продолжува со добрата форма, прекината серијата на Хановер

Екипата на Хановер каде што настапува интернационалецот Филип Кузмановски имаше слабо издание и беше поразена на гостувањето кај Лајпциг со 32:25 во 10. коло од Бундеслигата.

Репрезентативниот бек имаше учинок од три погодоци на натпреварот со едно промашување, а запиша и една асистенција. Сепак ова не беше доволно да помогне неговиот тим да избегне пораз.

Натпреварот започна доста израмнето, а така се играше дваесетина минути до резултат 9:9. Во завршниот дел од првото полувреме Лајпциг успеа да обезбеди преднсот од 15:12. Во продолжението Хановер немаше шанси и забележа пораз.

После десет одиграни кола тимот на Кузмановски се наоѓа на 15. позиција со само шест освоени бода и е многу блиску до зоната на испаѓање. Во следното коло Хановер ќе има тешка задача и ќе гостува на Кил.