Кузмановски поцрвене во поразот на Хановер од Кил

Екипата на Хановер каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски загуби на домашен терен со 29:35 од шампионот во Бундес лигата, Кил во натпревар од 25. коло.

Во првото полувреме Хановер имаше водство во поголемиот дел, а во завршните минути се играше гол за гол и на полувреме беше нерешено 16:16. Продолжението донесе поквалитетна игра на Кил и заслужена победа.

Филип Кузмановски натпреварот го заврши во 51. минута кога заработи црвен картон. До тој момент за времето поминато на терен средниот бек постигна еден погодок и имаше уште едно исклучување од две минути.

Хановер останува на 14. место на табелата во Бундес лигата, а во следното коло нов предизвик и можност за прекинување на серијата порази за Хановер и Кузмановски ќе биде Рајн Некар кај кого ќе гостуваат.