Кузмановски подобар во „македонскиот“ двобој со Томовски, Талески и Миркуловски со гостински порази

Денеска на програмата беа натпреварите од 15. коло во Бундес лигата, а настапи забележаа четворица македонски интернационалци.

Во македонскиот двобој меѓу Лудвигсхафен на Мартин Томовски и Магдебург на Филип Кузмановски, славеше тимот на битолчанецот со 17-20.

Кузмановски не се запиша во листата на стрелците, а имаше еден обид, додека Томовски запре три пенали, но искусниот Шкоф беше на голот скоро цел натпревар.

Вецлар на Филип Миркуловски гостуваше кај Гепинген и загуби со 26-21. Македонцот постигна еден погодок од два обиди.

Балинген на Филип Талески беше гостин кај Лемго и загуби со 27-24. Талески со единствениот гол од пет обиди, израмни во финишот на 24-24, но домаќинот даде два гола во серија и ја обезбеди победата.