Кузмановски одличен, втор стрелец во триумфот на Хановер

Ракометарите на Хановер остварија нова победа во натпревар од 7. коло во Бундес лигата на домашен терен против Гепинген.

Тимот на Филип Кузмановски славеше лесна победа 32:25 против составот кој се наоѓа во горниот дел на табелата.

Хановер го контролираше натпреварот од почеток до крај и не дозволи противникот да им ја загрози победата. На полувреме беше 14:12, а во продолжението со поубедлива игра домашниот тим стигна до висока победа.

Филип Кузмановски имаше одлично издание на овој натпревар, постигна вкупно пет гола од пет шута од кои еден беше од седмерец, а запиша и три асистенции. Со овој триумф Хановер се искачи на 11. позиција со биланс од по три победи, нерешени и порази.