Кузмановски и Хановер пропуштија сензација против Кил!

По поразот од Целје во Лигата на шампионите, ракометарите на Кил беа на прагот на нов пораз, овојпат во Бундес лигата.

Губеа во финишот со 26-22, но направија херојски камбек и победија со 29-27 против тимот на Хановер и Филип Кузмановски.

Македонскиот репрезентативец доби шанса за настап и постигна еден погодок од два обиди на овој натпревар против „зебрите“.

Јохансон со осум и Винчек со пет гола беа предводници на тимот на Филип Јиха, додека кај Хановер, Гербл погоди осум пати, а по четири пати стрелаа Вујовиќ и Брозовиќ.