Кузмановски и Хановер беа на прагот на сензација, но Кил се спаси по продолженија

Македонските интернациоанци Филип Кумановски и Жарко Пешевски имаа тешка задача во осмина-финалето од Купот на Германија и беа елиминирани со своите екипи Хановер и Штутгарт.

Филип Кузмановски со Хановер беше домаќин на Кил и одиграа одличен натпревар но сепак немаа сили да приредат големо изненадување и загубија после продолженија со 28:30. Кузмновски беше стрелец на два погодока за неговиот тим, а запиша и три асистенции.

Натпреварот беше многу изрманет, Хановер во поголемиот дел од имаше водство а на полувремето беше еден предност на домашните, 13:12. Во завршницата исто така тимот на Кузмановски беше блиску до победата, но Винцек израмни на 25:25 за продолженија кои ги доби Кил со 3:5.

Жарко Пешевски со својот Штутгарт имаше тежок натпревар на гостувањето кај Рајн Некар и беа празени со 35:30. Репрезентативниот пикер постигна два погодока, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегене пораз и елиминација, иако на полувремето имаа само гол негатива, 18:17.