Кузмановски веќе има Ф4 со тимот на Хановер

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, кој настапува во редовите на Хановер во Бундес лигата, веќе е јасно дека сезонава ќе игра на Ф4 турнир.

Со оглед на тоа што во оваа сезона 2020/21 нема да биде одигран Купот на Германија, Ф4 турнирот за претходната 2019/20 е закажан за првиот викенд од јуни следната година.

Хановер е една од четирите екипи кои обезбедија учество, па со тоа јасно е дека и Македонија ќе има свој претставник на ова натпреварување на крајот од сезоната.

Ова ќе биде одлична можност за Кузмановски во својата прва сезона во тимот на Хановер да се бори за трофеј.

Секако сето ова ќе зависи и од развојот на ситуацијата со коронавирусот, а во моментов работите не се позитивни со оглед на тоа што коронавирусот и понатаму одлага голем број од натпреварите.