Крстев со трансфер во Шпанија – потпиша за Бенидорм

Левиот бек Андријан Крстев од претстојната сезона ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во Шпанија.

Тој потпиша за Бенидорм, ќе тренира со првиот тим, а ќе има право да настапува и за вториот тим на оваа шпанска екипа.

Андријан, кој е син на поранешниот македонски репрезентативец Благојче Крстев, има двојно државјанство – белгиско и македонско.

24-годишниот Крстев, досега настапуваше за тимот на Ејнатен Ререн од Белгија и имаше одлични бројки зад неговото име.

Тој своевремено настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Белгија, а досега ниту еднаш нема добиено повик за тренинзи или настапи за Македонија.