Крстевски играч-тренер, дебитира на македонско дерби во Купот на Финска

Интернационалецот од Македонија во редовите на ПИФ во Финска, Илија Крстевски во новата сезона ќе биде во двојна улога бидејќи покрај играч ќе биде и тренер на оваа екипа.

Тој ќе дебитира во двојната улога на натпревар од викендот кој доаѓа во Купот на Финска.

Ждрепката сакаше на првата средба, Крстевски да има Македонци за ривали. Ќе игра против екипата на СИФ за која играат Филип Чурлевски и Игор Трајковски.

Ова ќе биде доста интересен викенд и сигурно дуел на кој ќе има што да се види бидејќи ќе има надигрување меѓу интернационалците од Македонија за пласман во следната рунда од Купот на Финска.