Кристопанс ќе биде подготвен за Келце

Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс, кој денеска уште во првиот напад го повреди зглобот на ногата и мораше да го напушти теренот е добро.

Веднаш после ова  тој замина на снимање, а тренерот Едуард Кокшаров објасни каква е неговата ситуација.

„Кристопанс го свитка зглобот. Нема ништо проблеми, но има мал оток и ќе мора да одмори неколку дена така што ќе сториме сè за да биде подготвен за дуелот против Келце“, изјави Кокшаров.