Кристијансанд може да го изгуби правото да игра дома во Лигата на шампионите

Победниците во женската Лига на шампиони од минатата сезона, Кристијансанд можат да го изгубат правото да играат домашни натпревари во Лигата на шампионите.

Трибините на арената во спортскиот комплекс „Вајперс“ се наменети за 2.000 гледачи, а според новите барања од ЕХФ тој би требало да биде 4.000 гледачи.

„Ако одеднаш се донесе одлука клубот да не може да игра домашни натпревари во Лигата на шампионите сите ќе бидат незадоволни. Тоа ќе биде голем пораз за клбуот и градот. Такво нешто не може да се дозволи“, изјави шефот на Кристијансанд Пер Геир Ловстад.

Доколку се одбие барањето на Кристијансад да игра домашни натпревари во Вајперс, тие можат да играат домашни натпреваро Арендал, одалеченоста помеѓу градовите е околу 60 километри.

Првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите минатата недела против Крим се одржа во Љубљана во „Арената Стожице“ која има капацитет од 12.000 луѓе.

„Би сакал да го клонираме овој спортски комплекс и да го преместам во Кристијансад. Фантастична зграда“, изјави после тој натпревар тренерот Кристијансад Оле Густав Гјекстад