Крим со пресврт до прв триумф, Ѓер и Ростов со нови бодови

Во женската Лига на шампиони се одиграа три натпревари и на сите дуели домашните екипи ги освоија бодовите. Крим стигна до првиот триумф сезонава, а Ростов и Ѓер стигнаа до нови победи.

Крим на домашен терен беше поуспешен од Битигхајм со 28:26 после пресврт во второто полувреме. После првиот дел гостите од Германија имаа водство 16:12, но тоа не беше доволно за гостинска победа. Кон средината на вториот дел Крим успеа да израмни и во завршницата подобро одигра за прва победа.

Ростов Дон не дозволи изненадување и го совлада составот на Мец на домашен терен со 30:26. Русинките после првото полувреме имаа водство од 16:12 кое успешно го задржаа и во текот на второто полувреме. Со оваа победа Ростов се искачи на врвот на табелата со три победи и едно реми.

Ѓер се мачеше во првото полувреме против романската Влчеа, но, сепак, на крајот успеа да стигне до победата. Унгарскиот тим со пресврт во второто полувреме стигна до нов триумф со 38:31. После првите 30 минути гостинската екипа водеше 17:15, но немаше сили да приреди изненадување.