Крим со Радичевиќ и Лазовиќ го изненади Брест, Битингхајм првпат поразен

Денес со четири одиграни натпревари беше комплетирано 6. коло во Лига на шампионите во женска конкуренција. Најголемо изненадување направи екипата на Крим Меркатор, која на свој терен го совлада француски Брест Бретањ со два гола разлика, 24:22.

Крим во победата над Брест Бретањ беше предводен од двете екс членки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ. Радичевиќ беше најефикасна со шест гола, додека Лазовиќ имаше четири реализации.

Повратникот во Лига на шампионите, Битингхајм го доживеа првиот пораз, откако на гостувањето во Данска кај Оденсе беше немоќен. Данскиот тим убедливо триумфираше со 31:24. Сепак, претставникот од Германија и покрај поразот останува лидер во групата А.

Екипата на Рапид Букурешт потешко од очекуваното го совлада дебитантот во најквалитетното европско натпреварување, тимот на Сторхамар со 27:25. Ракометарките на Карлос Вивер на полувреме имаа негатива од 15:14 и победата ја обезбедија со подобрата игра во финишот од дуелот.

На останатите натпревари фаворитите немаа поголеми проблеми, а освен Крим, Оденсе и Рапид Букурешт, на победа се радуваа и екипите на Есбјерг, Ѓер, Ференцварош, Вајперс Кристијансад и Мец.

ЛШ, ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ (6.КОЛО)

ГРУПА А

ОДЕНСЕ – БИТИНГХАЈМ 31:34 (14:12)

КРИМ – БРЕСТ БРЕТАЊ 24:22 (12:10)

БАЊИК МОСТ – ФТЦ 27:46 (11:26)

ВАЈПЕРС – ЧСМ БУКУРЕШТ 35:29 (15:15)

ГРУПА Б

КАСТАМОНУ – ЕСБЈЕРГ 27:43 (12:25)

ЃЕР – БУДУЌНОСТ 32:19 (15:9)

РАПИД – СТОРХАМАР 27:25 (14:15)

МЕЦ – ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ 38:13 (20:6)