Крим без конкуренција во Словенија – ја освои 26. титула

Екипата на Крим од Љубљана повторно го освои шампионскиот трофеј во домашниот шампионат.

Избраничките на Урош Брегар во плеј-оф фазата ја потврдија улогата на фаворит и без конкуренција стигнаа до 26. титула во својата клупска историја.

До крајот во словенечкиот шампионат има уште три кола, а екипата на Крим во однос на останатите противници има недостижна предност.

Со освоената шампионска титула, Крим повторно избори место во Лигата на шампионите следната сезона. Низ историјата во досега одиграни 30 шампионти, само екипите на Загорје (еднаш) и Олимпија (три пати) имаат стигнато до шампионскиот трофеј во Словенија.