Криза е: Келце продава билети за онлајн натпревар против Веспрем!

Главниот спонзор на Келце најави дека ќе го намали финансирањето на клубот за 50 проценти, a раководството мора да преземе мерки да ги надополни скратените средства.

Клубот планира да пушти во продажба билети за онлајн натпревари на Келце од минатото. За износ од 5 злоти навивачите ќе имаат можност да го гледаат натпреварот од финалето на Лигата на шампионите и незаборавниот пресврт против Веспрем кога ја освоија титулата во Лигата на шампионите.

Со платени 10 или 20 злоти навивачите ќе добијат и пристап до повеќе содржини поврзани со овој натпревар. Исто така овој билет ќе можат да го искористат за купување на билет за наредните натпревари кои ќе ги игра Келце на домашен терен после завршување на ситуацијата.

„Како што знаеме професионалниот спорт е во големи проблеми. Нема настани, нема натпревари што значи дека приходите на клубовите се драстично намалени. Од самиот почеток на кризата клубот презема голем број мерки за намалување на трошоците. Сега бараме поддршка од нашите навивачи во ова кризно време, а за нив подготвивме виртуелен натпревар“, рече маркетинг директорот на Келце.

Со купување на билетот секој навивач ќе добие мејл со линкови каде што може да го следи натпреварот и останатите содржини.