Кречмар: На 20 април ќе биде познато сè за Бундес лигата

Клубовите во Германија полека го очекуваат денот до кој беше предвидена паузата односно 22 април, а со оглед на развојот на настаните со коронавирусот тешко дека ќе може да се очекува да има натпревари.

Легендата на германскиот ракомет, Штефан Кречмар го искажа своето видување и очекување така што вели дека за две недели сè ќе биде познато.

„Имаме само мали шанси за да ја продолжиме сезоната. Ќе чекаме до 20 април за да видиме што ќе се случува и тогаш ќе донесеме одлука околу продолжувањето или конечно откажување на сезоната во Бундес лигата. Мислам дека овој шампионат не треба да има победник и не треба да има екипи кои ќе ја напуштат Бундес лигата. Оваа одлука би била најдобра за сите екипи“, смета спортскиот директор на Фуксе Берлин, Штефан Кречмар.

Како што стојат работите сè поверојатно е дека Бундес лигата нема да го дочека својот крај на терен бидејќи ситуацијата во Германија е алармантна така што веќе е полека јасно каква ќе биде одлуката.