Кој против кого на патот до Келн – познати сите четвртфинални двојки

По вечерашниот одигран осминафинален натпревар меѓу екипите на ГОГ и Алборг, познати се сите патници во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато, тимот на ГОГ на реванш натпреварот против Алборг триумфираше со 32:24 и ја надомести негативата од првиот дуел, во кој беше поразен со 30:28.

ГОГ во четвртфиналето ќе ги одмери силите со актуелниот европски шампион Барселона, која обезбеди директно место меѓу најдобрите осум екипи во елитата.

Висла Плоцк за место на Ф4 турнирот ќе се бори против Магдебург, додека најбогатиот европски клуб ПСЖ во четвртфиналето за ривал го има Кил.

Вториот тим од Полска, Келце, во четвртфиналето налета на унгарскиот гигант Веспрем.