Кој против кого во Купот – ждрепката е утре на пладне

Утре во просториите на Ракометната федерација на Македонија на пладне ќе се одржи ждрепката за завршните турнири во Купот во двете конкуренции.

Домаќин на натпреварите ќе биде салата „Јасмин“ во Кавадарци, а настанот ќе се одржи од 13 до 15 мај.

Во петок на 13 мај би требало да се двата меча од полуфиналето кај мажите, следниот дел дуелите од истата фаза кај дамите, додека финалните натпревари ќе бидат одиграни на 15 мај.

Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 ќе се борат за трофејот, додека кај дамите на Ф4 место обезбедија Куманово, Чаир, Ѓорче Петров и Металург.

Бранители на титулите се Вардар кај мажите и Куманово кај жените.