Кој против кого во Келн – ќе се знае на 25 мај

Веќе е познато кои четири екипи ќе ги видат Келн и „Ланксес Арена“ оваа сезона исполнета со многу ковид проблеми.

Сепак за разлика од лани, сега нема да има одложување и завршниот турнир ќе се игра на 12 и 13 јуни на добро познатото место.

Барселона, Нант, ПСЖ и Алборг ќе бијат битки во Келн, а полуфиналните двојки ќе бидат познати на 25 мај во 11:00 часот кога ќе се одржи ждрепката.

Единствен македонски претставник ќе биде Кире Лазаров, кој вторпат ќе игра на завршницата со Нант.

По ланскиот настап на Кил, повторно нема германски екипи на Ф4, а две француски и дебитантот Алборг, ќе се обидат да му ги замрсат сметките на најголемиот фаворит Барселона, од која заминуваат Доленец, Сорендо, Палмарсон, Пасквал, Ентрериос…