Кој замина, кој дојде – колку суперлигашите беа активни на трансфер маркетот

Вчера заврши преодниот рок во македонскиот ракомет. Освен интернационалци, нашите екипи не можат повеќе да регистрираат нови ракометари за пролетниот дел од сезоната во која ќе се борат за титула и за опстанок во елитното друштво.

Во Вардар и Еурофарм Пелистер немаше големи промени, додека од тимот на Автокоманда заминаа дел од ракометарите што немаше да имаат право да настапуваат во плеј-офот.

Бутел Скопје го засили ростерот со двајца српски интернационалци, Пролет донесе две засилувања, додека во Охрид се пресели македонски репрезентативец. Струга врати дел од своите деца кои играа во други клубови, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе влезе со еден нов десен бек во плеј-офот, но загуби двајца првотимци кои се преселија во првиот тим.

Радовиш донесе три засилувања и ќе биде тежок залак за сите во плеј-аут, а исто и Младост Богданци, кој има сега уште една нова бековска линија и подолга клупа. Тиквеш имаше промена на клупата и уште двајца нови играчи, додека Работнички исто така донесе двајца интернационалци. Прилепчани исто така имаат засилен ростер, најмалку менуваа Јуниор КВ, Астраион и Голден Арт КЛ7.

Не очекува интересен пролетен дел од суперлигашката конкуренција, која стартува следниот викенд. Погледнете го прегледот на сите трансфери во екипите од Суперлигата.

ТРАНСФЕРИ 2020/2021

Вардар
➡️ Давид Гашовски (Работнички)
⬅️ Васко Шеваљевиќ (Истр), Стефан Атанасовски (Работнички)

Прилеп
➡️ Филип Пајкоски (Струга)
⬅️ Александар Тренчевски (Астраион), Златко Везенковски (Радовиш)

Струга
➡️ /
⬅️ Никола Цветаноски (Голден Арт КЛ7), Филип Пајкоски (Прилеп), Дејан Лазороски (без клуб)

Металург
➡️ Маријан Мариќ (Алпла Хард ), Бранко Канкараш (Макаби Ришон Ле Зион), Никола Потиќ (Пролет), Михајло Младеновиќ (Охрид), Лука Вујовиќ (Работнички), Дарко Кондев (Тиквеш)
⬅️ Василије Калуѓеровиќ (Гуиф)

Еурофарм Пелистер
➡️ /
⬅️ Карим Хендави (Констанца), Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2), Дарио Петровски (Еурофарм Пелистер 2)

Тиквеш
➡️ Александар Мицев (Младост Богданци), Борис Ристовски (Вардар Неготино), Томе Петрески (тренер), Андреј Хапал (без клуб)
⬅️ Горан Андоновски (тренер), Борис Илиевски (Бутел Скопје), Александар Стојаноски (Јуниор Кисела Вода), Дарко Кондев (Металург)

Радовиш
➡️ /
⬅️ Милош Лојаничиќ (Макаби Тел Авив), Али Кобеиси (Либан), Петар Ачимовиќ (Грција)

Голден Арт КЛ7
➡️ Никола Цветаноски (Струга), Андон Бошковски (тренер)
⬅️ Игор Котевски (тренер)

Работнички
➡️ Стефан Атанасовски (Вардар)
⬅️ Лука Вујовиќ (Работнички), Вадим Вирич (Одеса), Давид Гашовски (Вардар)

Бутел Скопје
➡️ Борис Илиевски (Тиквеш), Ратко Димовски (крај на кариера), Сергеј Сулима (Бнеи Херцлија)
⬅️ Душан Трифковиќ (Решица), Владимир Јевтиќ (Решица)

Еурофарм Пелистер 2
➡️ Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Дарио Петровски (Еурофарм Пелистер 2)
⬅️ Павле Петровиќ (Локомотива Брчко)

Јуниор Кисела Вода
➡️ Немања Милутиновиќ ?, Александар Стојаноски (Тиквеш)
⬅️ /

Астраион
➡️ Иванче Ончев ?, Александар Тренчевски (Прилеп), Мите Караиванов (Младост Богданци), Давор Тасковиќ (Макаби Димона)
⬅️ /

Младост Богданци
➡️ Ѓорѓе Банцалиски (Партизан Гевгелија), Небојша Василевски (Јехона)
⬅️ Никита Лошчаков (Витјаз Леон), Руслан Гончаров (Сонеберг), Александар Мицев (Тиквеш), Мите Караиванов (Астраион)

Охрид
➡️ /
⬅️ Михајло Младеновиќ (Металург)

Пролет
➡️ Димитар Матовски (Драчево)
⬅️ Никола Потиќ (Металург), Јане Цветковски (Егер)