Кој е „виновникот“ што Дибиров играше во Битола?

Руското крило Тимур Дибиров пропушти три меча на Вардар откако заработи повреда на мускулот на мечот со Тиквеш во Кавадарци. Иако не се работеше за наивна повреда, летечкиот Русин успеа да се врати на теренот.

Тој се појави на натпреварот во Битола, а најзаслужна за тоа е докторката Маријана Ковачевиќ од Белград, позната во спортскиот свет најмногу по своите специфични методи на третирање на повредите.

„Би сакал да се заблагодарам на мојот клуб, на доктор Маријана која работи во Белград и кои ми овозможија да играм во Битола. Тие направија повеќе од што можат за јас да бидам на теренот против Еурофарм Пелистер, и немаше да играм ако не беа тие“, вели Дибиров.

Низ нејзините раце поминале многу фудбалски ѕвезди од типот на Фернандо Торес, Дарио Срна, Душко Тошиќ, Венсан Компани…како и ракометарите Петар Ненадиќ, Данијел Анѓелковиќ, Никола Манојловиќ, Милорад Кривокапиќ…Своевремено имаше понуди да работи и во тимови од Премиер Лигата како Челзи и Ливерпул.

Дибиров, пак, е многу блиску од седма титула по ред со Вардар во домашниот шампионат, а ќе има можност да ја зголеми колекцијата и со трофеј во Купот на Македонија што ќе се игра во Кавадарци.

Дибиров: Во мојата глава е само „црвено-црно“, не можам да се замислам во друг клуб…

Дибиров: Атмосферата беше феноменална како во Скопје, мора да знаете да играте под притисок