„Кој гарантира дека ЛШ ќе се игра во јуни – има сè повеќе заразени и мртви од коронавирусот“

Во интервју за официјалната веб страница на Келце, искусниот тим десен бек Криштоф Лијевски ја критикуваше одлуката на ЕХФ Лигата на шампиони да продолжи во јуни.

„Размислував многу на оваа тема. Да бидам искрен, не ми се допаѓа одлуката на европските ракометни власти да ја продолжат Лигата на шампионите во текот на летото. Прво, не знаеме што ќе се случи во јуни. Сега, кога ќе вклучите некој канал за новости, ќе слушнете дека повеќе луѓе се заразуваат и, за жал, се повеќе и повеќе смртни случаи се случуваат. Не знаеме дали ова ќе заврши во јуни. Секако, би сакал да заврши уште побрзо, но немаме таква гаранција“, вели Лијевски.

Тој уште еднаш го спомена проблемот на летните трансфери и проблемите кои би можеле да ги имаат ракометарите кои ќе го сменат клубот во однос на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

„Можното одржување на фајнал форот во август многу ме изненади. Замислете Блаж Јанц со Келце обезбеди пласман на завршниот турнир и во јули премине во Барселона. А Барселона не се пласира на фајнал фор и тој ќе остане дома“, коментираше Лијевски.

На оваа тема претходно и Енди Шмид говореше што покажува дека одложувањето на завршниот турнир за август или септември не им се допаѓа воопшто на ракометарите.