Коцева: Подготвени сме за Чаир, очекувам победа!

Ракометарките на Вардар по двете гостувања во првите две кола, денес на свој терен силите ќе ги одмерат со амбициозниот Чаир, кој во минатото коло го изненади вицепрвакот Куманово.

Двете екипи имаат по две победи во групата А и денешниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ ќе одлучи која екипа по третото коло ќе се позиционира на првата позиција на табелата.

Една од главните алки во составот на „црвено-црните“, средниот бек Бојана Коцева се надева на позитивен резултат против незгодниот состав на Чаир.

,,Спремни сме за денешниот натпревар и очекуваме тимска игра од наша страна. До овој момент имаме две победи и се надеваме на поволен резултат против екипата на Чаир. Задоволни сме од досегашниот настап во првите два натпревари. Секако дека може секогаш да се одигра подобро и на секој натпревар се обидуваме да ги средиме грешките на минимум. Денес очекувам добар натпревар и добра игра од двете страни и подобриот нека победи”, изјави Коцева.

Натпреварот меѓу Вардар и Чаир ќе се одигра со почеток од 17:30 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.