Костески со перфектна реализација го водеше Линц до победа

Македонскиот интернационалец Никола Костески кој настапува во првенството на Австрија во екипата на Линц имаше уште едно одлично издание во победата против Барнбах со 25:24.

Костески со својата игра потврди дека е во одлична форма сезонава. На натпреварот против Барнбах беше прв стрелец во својот тим со шест погодоци од шест удари и перфектна реализација.

Натпреварот после првиот дел беше израмнет, а така беше и на полувремето кога ниту една екипа немаше предност и заврши со 14:14. Во вториот дел после голема борба Линц успеа да стигне до победата.

Ова беше втор триумф на составот на Костески сезонава и во овој момент се наоѓа на претпоследното место со пет бода или само еден повеќе од последнопласираниот тим на Грац. Во следното коло Линц ќе има тешко гостување кај ривалот на Металург во Лигата на Европа, Аон Фиверс.