Костески со камбек – беше најдобар стрелец на Линц

Екипата на Линц, каде што игра Никола Костески, беше убедливо поразена од Грац со резултат 30:23 во натпревар од австрискиот шампионат. Ова беше дуел помеѓу двете последни екипи на табелата.

Уште од самиот почеток гостинската екипа имаше контрола на резултатот, а водството од четири разлика на полувреме (10:14) беше зголемено на конечни плус осум разлика .

Интернационалецот од Македонија, Никола Костески, се врати по паузата и одигра одлична партија во дресот на Линц. Тој беше најефикасен во неговата екипа со седум постигнати погодоци, а тоа му донесе титула МВП на натпреварот.

Линц се наоѓа на последното место со шест освоени бодови и се наоѓа во зоната за испаѓање.