Костески одличен, Плзен со херојски пресврт слави шампионска титула во Чешка!

Тимот на Тален Плзен каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески е нов шампион на Чешка.

Плзен предводен од десното крило славеше во мајсторката против Бањик Карвина со 30-25 и ја доби серијата со 3-2, иако губеше со 2-0.

Костески како и многупати досега беше меѓу најдобрите стрелци на теренот, а на овој дуел постигна шест погодоци.

Македонецот договори нова соработка и во следната сезона ќе ги брани боите на чешкиот шампион.