Костески најдобар кога најмногу треба, Плзен ќе игра мајсторка за титула во Чешка!

Тимот на Талент Плзен, каде што игра макеедонскиот интернационалец Никола Костески, ја продолжува трката за титулата во Чешка.

Плзен славеше во четвртиот натпревар на гостински терен кај Бањик Карвина со 34-29 и израмни во финалната серија на 2-2.

Десното крило постигна два гола од два обиди, но беше одличен во моментите кога се кршеше резултат во финишот.

Изнуди два удари од седум метри, како и две пробивања од домашните ракометари, а Плзен тоа го искористи и обезбеди петти натпревар.

Тој ќе се одигра претстојниот викенд, а Плзен ќе ја има предноста на домашниот терен.