Костески и Плзен на чекор до финале во Чешка

Македонскиот интернационалец Никола Костески заедно со екипата на Плзен се наоѓаат пред пласман во финалето од чешкиот шампионат.

Тимот на Плзен славеше важна победа на свој терен против Робе Жубри со 37:22 во третиот меч од полуфиналната серија.

Поради убедливата разлика, шанса во составот на Плзен имаа ракометарите со помала минутажа.

Костески и соиграчите доколку победат на четвртиот полуфинален натпревар, кој е закажан за 19 април, тогаш ќе обезбедат пласман во финалето и ќе се борат за титулата.