Костески и Линц немоќни против водечкиот Тирол

Тимот на Линц, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески беше немоќен на гости кај Тирол.

Во натпреварот од 13 коло на австрискиот шампионат, Линц загуби со убедливи седум гола разлика, 32-25, а на полувреме имаше негатива од шест погодоци, 17-11.

Костески беше одлично чуван од домаќините и успеа да постигне само два гола од четири обиди на овој натпревар.

Во продолжението од сезоната, Линц, ќе се бори за избегнување на самото дно на табелата, а со овој дуел ја заврши полусезоната и следниот натпревар е на 5 февруари.