Костески во одлична форма, Плзен ја продолжува доминацијата во Чешка

Десното крило Никола Костески ја продолжува одличната форма во дресот на Плзен во чешкиот шампионат.

Плзен ја забележа петтата победа во петтиот натпревар. Славеше на гости против Јичин со убедливи 30-19, а Македонецот беше најдобар стрелец.

Костески пет пати ја затресе мрежата на домашниот тим, а од тие погодоци два беа постигнати од пенал.

Десното крило по подолго време повторно се најде на поширок список на сениорската репрезентација на Македонија.