Костески: Битолските навивачи се желни за успех – 18 години чекаат титула!

На 22 години Ненад Костески зад себе има искуство какво што немаат многу повозрасни ракометари, но вистинските успеси допрва му претстојат.

Костески или „Air Struga“, е предводник на новата генерација ракометари во Македонија, и во актуелниот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

„Тука се прилагодив добро. Битола ми одговара и тука сум веќе трета сезона, и останувам уште две. Гледам сопствен напредок тука, и главна цел ни е враќањето на титулата. Не само моја, туку и на сите во клубот. Тоа беше една од причините. Еурофарм Пелистер е амбицозен клуб, и тоа и мене ми одговара. Не е баш лесно да се игра. Тука публиката живее за овој спорт, желни се за големи успеси, уште пожелни за титулата која ја чекаат 18 години. Убаво е чувството да играш пред полна сала, сите се на нозе. Но, од друга страна не е лесно, секој меч е важен, амбициите се големи, сите бараат успеси и победи“, изјави Костески во интервју за сајтот на СЕХА лигата.

По триумфот над Алкалоид, Еурофарм Пелистер е во пол-позиција во трката по титулата со Вардар.

„Се зависи од нас. Се уште сме во игра. Веќе трета година ја „бркаме титулата“ и очекувам барем оваа сезона да биде токму таа со која ќе ги израдуваме навивачите. Тоа е наша главна цел и на клубот“, вели Костески.

Целото интервју со десното крило може да го прочитате ТУКА.