Костески беше фантастичен против ГОГ, еден негов гол заврши во ТОП 5 (ВИДЕО)

Ракометарот на Еурофарм Пелистер и репрезентативец на Македонија, Ненад Костески одработи одлично на дуелот против ГОГ Гудме на кој тимот од Битола се избори за триумф од 32:31.

Тој постигна пет гола на средбата, а еден од нив заврши во изборот на ЕХФ од топ 5 погодоци така што сосема заслужено е меѓу најдобрите во ова коло од Лигата на Европа.

Ова беше натпревар со кој тимот на Еурофарм Пелистер се најде на чекор од елиминациите во Лигата на Европа и победа која беше трета во серија со што одлично беше отворен пролетниот дел од сезоната.

Најдобрите пет гола во Лигата на Европа можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.