Корона кризата е во полн ек, а тие потпишаа дури со седум нови ракометарки!

Унгарската ракометна федерација реши да стави крај на шампионатите во сите конкуренции без да бидат прогласени нови прваци, а претставници во европските купови истите екипи од оваа сезона.

И покрај тоа што голем дел од клубовите најавија кратење на буџетите за следната сезона поради кризата со коронавирусот, тимот на Дунајварош потпиша договори дури со седум нови ракометарки.

Најголемото засилување е доскорешната ракометарка на Ференцварош и унгарска репрезентативка, Кинга Кливињи.

Покрај неа, од Будуќност доаѓа голманката Анастасија Бабовиќ, потоа Бјанка Барјан од Бекешчаба, Дорина Роман и Алекса Венингер од Орошази, Надин Шацл од распаднатиот ЕРД и Богларка Сираки од Сент Иштван.