Корона во ривалот на Вардар: ПИК Сегед оди во карантин, виси дуелот со ПСЖ?!

На два дена до почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед оди во карантин!

Денеска е утврдено дека по тестовите спроведени како дел од протоколот за домашниот шампионат, има позитивни случаи во ПИК Сегед, Чурго, Будакалаш и Веспрем КФТ.

ПИК Сегед, кој е ривал на Вардар во групата од ЛШ и треба да игра дома против ПСЖ в четврток, или нема да го одигра тој дуел, или ќе го игра со редуциран ростер, во зависност од исходите на новите тестови.

Европската ракометна федерација веројатно има план Б за вакви случаи, па ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.