Корона во Нант, трет одложен натпревар за Лазаров во Лигата на шампионите!

Она што се Елверум и ПИК Сегед во групата А, тоа е Нант во групата Б од Лигата на шампионите.

Трет натпревар на францускиот натпревар во елитното натпреварување мораше да биде одложен. По оние со Мотор и Загреб, сега ЕХФ ја одложи средбата со словенечкиот првак Целје.

На последните тестирања во текот на вчерашниот ден, имало два нови позитивни случаи во францускиот тим, каде што игра и Кире Лазаров, па немаше услови за дуел против Целје.

Одложен е дуелот од групата А меѓу Елверум и ПИК Сегед, а од женската Лига на шампиони, нема да се игра двобојот меѓу Борусија Дортмунд и Валчеа, додека под знак прашалник е натпреварот Ѓер – Будуќност.