Корона вирусот ја остави Кина и без Мундијал

Светското првенство за ракометарки о 18 години кое од 18 до 30 август требаше да се одржи во Кина ќе има нов домаќин.

Корона вирусот е причина, ИХФ да ја повлече организацијата и сега се размислува за доделување на шампионатот на друга земја.

Во моментов не е познато кои земји се во конкуренција за да ја добијат организацијата, но јасно е дека до крајот на овој месец ќе има нов домаќин. Според најавите тоа би требало да се случи на 27 февруари, кога во Каиро се одржува состанок на Извршниот комитет на ИХФ.

Поради Корона вирусот, Кина остана и без учество во квалификациите за Олимписките во женска конкуренција.