Корона вирусот го зема данокот – Кина се откажа од олимписките квалификации!

Светската ракометна федерација на официјалниот сајт објави дека селекцијата на Кина се повлекува од настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Иако не е обелоденета причината, се претпоставува дека тоа е поради актуелната  ситуација со корона вирусот. Кина требаше да биде на турнирот во Унгарија, со домаќинот, Русија и Србија.

Сепак во таа група ќе биде репрезентацијата на Казахстан како најдобра селекција од Азија. Казахстан претходно како замена за Јужна Кореја дојде во групата со Црна Гора, Норвешка и Романија, кои сега се во исчекување на последниот ривал.

Покана ќе биде упатена најпрво до Хонг Конг, а потоа и до Тајланд. Доколку ниту една од азиските селекции не прифати, веројатно местото ќе го пополни европска репрезентација.

Квалификациските турнири за место на ОИ ќе се одржат од 20 до 22 март.