Корона вирусот го запре ракометот и во Германија – Бундес лигата паузира до 22 април

После неколку земји каде што беше ставен СТОП за ракометот се огласија и од најсилната лига во светот. Бундес лигата од денеска е на пауза и нема да се играат натпревари повеќе од еден месец.

Според соопштението сите натпревари кои се предвидени да се играат до 22 април се одложени и планот е лигата да продолжи на 23 април.

Воедно одложен е и Ф4 турнирот од Купот на Германија кој беше предвиден на 4 и 5 април и истиот треба да се одигра на почетокот на летото во нов термин.

Инаку, во Бундес лигата има пет интернационалци од Македонија. Филип Миркуловски игра за Веспрем, Филип Кузмановски во Магдебург, Филип Талески во Балинген, Жарко Пешевски во Штутгарт, а Мартин Томовски во Лудвигсхафен.