Коронавирусот ја нападна и Барселона

Екипата на Барселона која сезонава важеше како еден од главните кандидати за освојување на титулата во Лигата на шампионите исто како и сите други тимови низ Европа и светот е на пауза поради коронавирусот.

И додека ракометарите од овој клуб се добро и се заштитени и засега никој не појавил симптоми на коронавирусот, веќе трет член на клубот се најде во ситуација да мора да биде во карантин.

Се работи за клупскиот доктор Жозеп Антони Гутиерез. Тој е еден од ретките во клубот кој досега бил дел од дури 101 титула и е еден од најуспешните во клупската историја на ракометниот тим.

Гутиерез има 64 години и е трет во клубот кој се има заразено. Претходно медицинскиот директор Рамон Канал и потпретседателот на фудбалскиот клуб Жорди Кардонер исто така имаа позитивен наод на тестот за коронавирусот.