Коронавирусот задава нови грижи, поради седум играчи со симптоми одложија натпревар

Поради седум ракометари кои имаат симптоми на коронавирусот дојде до одлагање на еден натпревар. Се работи за одлагање на средба од првенството на Унгарија каде што играчи на тимот на Егер појавиле симптоми на коронавирус и поради истите мораше да дојде до одлагање на средбата.

Егер требаше да игра против составот на Ференцварош, а немаше многу двоумење околу одлагањето на мечот. Од клубот побараа тој дуел да се помести, па од федерацијата добија позитивен одговор.

„Раководството на клубот е убедено дека во сегашната епидемиолошка состојба ниту еден учесник на натпреварот не смеевме да го изложиме на каква било опасност Додека немаме негативни резултати од тестот не можеме да правиме ништо“, велат од Егер.

Натпреварот требаше да се игра вчера во 18 часот, а истиот беше одложен. Седумте ракометари се во изолација и денеска им беше извршено тестирање, а резултатите се во исчекување.