Конечно официјална потврда од Романија: Толедо е нов играч на Баја Маре!

Бразилскиот репрезентативец од Вардар, Жозе Толедо, во следните три години ќе го носи дресот на романската екипа Баја Маре.

Толедо иако имаше договор на уште една сезона со европскиот првак, доби раскин и ќе биде заедно со неговата девојка Лариса Араухо, која ќе игра во женскиот тим на Баја Маре.

Трансферот беше најавен уште на почетокот на март, но романскиот клуб молчеше се до денеска, кога ги објави ростерите на машката и женската екипа.

Толедо со новиот клуб ќе биде дел од Лигата на Европа, а во Романија се сели по настапите за Вардар, Висла Плоцк и Грањолерс.