Колкав буџет имаат ПСЖ, Монпелје, Нант…(ФОТО)

Екипата на ПСЖ е позната како најбогата во светот на ракометот изминатите години, а така ќе биде и оваа сезона. Порталот handnews.fr ги објави буџетите на тимовите од Франција за сезоната 2021/22.

Сопствениците на ПСЖ оваа сезона ќе одвојат 17,8 милиони евра за клубот што во споредба со минатата сезона е за 1,1 милион е помалку. Но и покрај тоа ПСЖ останува убедливо со најголем буџет во споредба со Монпелје и Нант кои имаат буџет по 7,8 милиони.

Во првите пет места според буџетот се уште Екс ан Прованс со 5,8 милиони евра и Ним со 5 милиони евра. Клуб со најмал буџет во најдобрата машка француска лига е Саран со буџет од 2,8 милиони евра кој ќе дебитира во елитното друштво.

Во женска конкуренција најбогат клуб е Брест со 4,7 милиони евра, а со овој буџет клубот би бил на шестата позиција во машка конкуренција. Во продолжение буџетите по клубови во машка конкуренција.