Колбахер од карантин со порака: Јас сум добро, но вирусот сфатете го сериозно

Репрезентативецот на Германија и играч на Рајн Некар, Јаник Колбахер пред неколку дена беше позитивен на Корона вирусот. Тој е во карантин, но со новата изјава потврдува дека е добар.

Во коментарот тој соопшти како се чувствува и им порача на другите да се однесуваат сериозно.

„Јас сум в ред. Се чувствувам добро. Важно е секој сериозно да го сфати Корона вирусот и последиците од него. Може да биде безопасен за помладата генерација, но мораме да мислиме за повозрасните и за оние кои имаат тешкотии на физички план за да се справат со овој вирус“, вели Колбахер.

Иако се чувствува добро, сепак, тој останува во карантин, како и другите репрезентативци на Германија, кои учествуваа на тренинг сесијата во Ашерслебен.