Кокшаров: Ја исполнивме целта да дојдеме до победа, сега сме со мислите кон следната година

Вардар ја заврши сезоната на домашен терен со победа против Татран Прешов од 28:26. „Црвено-црните“ одработијдобра средба во вторите 30 минути откако имаа многу тешко прво полувреме.

„Татран прикажа добра игра. Ние имавме свои планови и сакавме да им дадеме шанса на играчите кои помалку играат да се најдат на терен. Се мачевме во првото полувреме, па во вториот дел тргнавме со најдобрите играчи кои ни се на располагње.  Успеавме во намерите да дојдеме до триумф на оваа средба“, изјави Кокшаров.

Тој вели дека сега сето внимание е насочено кон вториот дел од сезоната кога ќе треба да се крене нивото и да се покаже далеку подобра форма.

„Сега го чекаме вториот дел од сезоната. Да бидеме комплетни и да се подготвиме за она што ни претстои и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата“, рече Кокшаров.

На Вардар му останува уште еден меч до крајот на 2019 година, а ривал е тимот на Нексе против кој играат в недела во Хрватска.