Кога е Рожерио Мораеш на терен, носилки за повредените не се потребни (ВИДЕО)

Ракометарот кој остави длабока трага во двете титули на екипата на Вардар, Рожерио Мораеш се покажува во одлично издание во редовите на Веспрем, но не само како играч.

На стартот од новата сезона во првенството на Унгарија играч на противнички тим беше повреден, а Мораеш им помогна на докторите.

Играч на ривалот не можеше во движење да го напушти теренот, а немаше носилки во близина, па затоа на помош пристапи Мораеш кој веднаш покажа колку е силен.

Моментот можете да го видите во продолжение.