Ковид пак на сцена – Португалија исклучена од Европското првенство!

Само што помисливме дека корона сезоната е веќе зад нас и дека во новата сезона нема да има проблеми од таков тип, стигна првата разочарувачка вест.

По големиот број позитивни случаи во селекцијата на Португалија, таа е исклучена од Европското младинско првенство во женска конкуренција што треба да почне утре во словенечкиот град Целје.

Веќе е доцна да се бара замена за Португалија, па на Европското првенство ќе играат 15 репрезентации.

Русија, Шведска и Словачка кои беа во групата Б со Португалија, ќе добијат службени победи со по 10:0, а Португалките ќе бидат рангирани на 16, последно место.